Правосудство

По Нова година ќе се влечат потези за реформи во правосудството

29.12.2024 17:22

Секојдневните акции на МВР и Обвинителството се уште една потврда дека се потребни итни реформи во правосудниот систем. Премиерот Мицкоски смета дека само така ќе се зголеми довербата кај граѓаните. Но, адвокатите по кривично право велат дека наместо колективна, потребна е индивидуална одговорност.

Крупните полициски акции, задоцнетата реакција на судските институции, отворањето на предмети во јавното обвинителство ја покажа нивната дисфункционалност. Неопходни се реформи, но како што велат од правна фела фокусот треба да се стави на поединечната одговорност на судиите и обвинителите, со цел да не се остава дамка на целиот систем.

Последните некординирани случаии и акции со незнаење на Обвинителството – предлагаа меки на претпазлицвост за лице, не е достапно на органите на прогонот. Па судот го известува Јавното Обвинителство дека неможе да се определи, затоа што лицето е во бегство, поикажува во каква состојба е Обвинителството и колку не сериозно ја работат својата работа. И тоа не е прва патно потребна е одговорност, туку длабинска реформа , каде ќе се утврди поединачно , не колективно . секој судија и обвинител, што работрел. Колку одолелал на политичките притисоци. Потребна е еволуација на секој судија“, вели адвокатот Звонко Давидовиќ.

Премиерот Мицкоски најави реформи во правосудниот систем. Промените почнуваат со можноста за промена на  членови на Судскиот Совет. По неусвојувањето  на извештајот на оваа институција која е браник на независноста на судската власта од страна на Собранието на површина излегоа сите недостатоци како : трговија со политичко влијание, објавување за постоење на бизнис-судски елити, нетранспарентост, неразрешување на судии, нотирана неажурност на судовите – поенти од дебатата на владејачката партија.

Резултатите од анкетите за довербата во судство е под два проценти.

 

Марина Стојанова Тонева