БЛИСКИ ИСТОК
Нетанјаху закрепнува, во Газа нови евакуации
30.12.2024 08:32
Израелскиот премиер Нетанјаху е успешно опериран, потврдија здравствените власти...

Израелскиот премиер Нетанјаху е успешно опериран, потврдија здравствените власти. По интервенцијата на простата, се очекува да биде отпуштен за неколку дена. Додека траеше зафатот министерот за правда Левин беше именуван за привремен премиер.
„Операцијата на премиерот заврши. Се помина добро. Ние сме во собата за опоравување“, изјави проф. Офер Гофрит, директор на Одделот за урологија во Медицинскиот центар Хадаса.
Во Газа продолжуваат битките. Израелската војска објави снимка во која тврди дека ја прикажува евакуацијата на палестинските цивили од една од последните функционални болници во северниот дел.
