ЈУЖНА КОРЕЈА

Се истражуваат причините за авионската несреќа во Јужна Кореја

30.12.2024 08:33

Инспектори и работници од службата за итни случаи продолжија да го пребаруваат местото на авионската несреќа во Јужна Кореја во која од 181 патник, само двајца преживеаја...

Инспектори и работници од службата за итни случаи продолжија да го пребаруваат местото на авионската несреќа во Јужна Кореја во која од 181 патник, само двајца преживеаја.

„Идентификувавме 141 жртва и сме во процес на идентификација на 38 жртви преку ДНК тестови и отпечатоци од прсти. Во земјава оперираат 101 авион од истата серија, ја разгледуваме можноста да спроведеме истрага за овие авиони Б737-800“, изјави Џо Јонг Ван, шеф на воздухопловната политика.

Властите велат дека контролната кула издала предупредувањедо Боингот 737-800 од Банког за можен судир со јато птици, а пилотот пријавил вонредна состојба четири минути подоцна. Несреќата се случи кога Јужна Кореја е вовлечена во политичка криза предизвикана од воведувањето воена состојба од страна на претседателот Јун Сук Јеол и неговото отповикување.