САД
Почина поранешниот американски претседател Џими Картер
30.12.2024 08:34
Џими Картер, 39-от претседател на САД и добитник на Нобеловата награда за мир, почина на 100-годишна возраст во својот дом во Џорџија...

Џими Картер, 39-от претседател на САД и добитник на Нобеловата награда за мир, почина на 100-годишна возраст во својот дом во Џорџија. Картер беше шеф на Белата Куќа од 1977 до 1981 година.
Демократот живееше подолго од кој било друг претседател во историјата, откако во октомври го прослави својот 100-ти роденден.
