АХВ

АХВ со вонредни контроли во угостителските објекти

30.12.2024 08:39

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли. Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуваат предновогодишни прослави...

Во пресрет на новогодишните и божикните празници, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство изминативе две недели спроведоа вонредни, засилени контроли. Акцент со реализираните 244 инспекциски надзори беше ставен на угостителските објекти, каде се одржуваат предновогодишни прослави.

Кај 43 оператори е утврдено дека не ги задоволуваат хигиенските барања, а кај 4 констатирано е дека не ги спровеле задолжителните здравствени прегледи на вработените. Иако имаат законска обврска, 5 од контролираните угостители не биле регистрирани како оператори со храна, а како небезбедни, уништени се над 200-те килограми храна.

Издадени се 55 решенија со наредби за нивно отстранување и изречени се 23 парични казни.