Блиски Исток

Во Газа продолжуваат битките

30.12.2024 09:42

Израелската војска објави снимка во која тврди дека ја прикажува евакуацијата на палестинските цивили од една од последните функционални болници во северниот дел...

Во Газа продолжуваат битките. Израелската војска објави снимка во која тврди дека ја прикажува евакуацијата на палестинските цивили од една од последните функционални болници во северниот дел.

Во воениот напад биле убиени 19 терористички оперативци, одбраната ги негира извештаите дека има цивилни жртви. Властите во тел Авив објавија дека израелскиот премиер Нетанјаху е успешно опериран. По интервенцијата на простата, се очекува да биде отпуштен за неколку дена.

Додека траеше зафатот министерот за правда Левин беше именуван за привремен премиер.