Белград

Денеска пресуда за родителите Кецмановиќ, Обвинителството бара максимална казна

30.12.2024 08:54

Вишиот суд во Белград денеска треба да ја соопшти пресудата на Владимир и Милјана Кецмановиќ...

Вишиот суд во Белград денеска треба да ја соопшти пресудата на Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое на 3-ти мај 2023 година уби девет ученици и обезбедувањето во ОУ „Владислав Рибникар“ и рани уште пет ученици и наставник по историја.

Судот ќе донесе првостепена пресуда против која одбраната и обвинителството ќе имаат право на жалба до Апелациониот суд.

Овој судски процес од самиот почеток е затворен за јавноста, но пресудата ќе биде јавно објавена.

Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ побара од судот максимални затворски казни за Кецмановиќ.