Свет
Земјотрес од 5,5 степени на Филипините
30.12.2024 08:59
Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Лузон на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC)...

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа Лузон на Филипините, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според соопштението, земјотресот е регистриран на длабочина од 45 километри.
Филипинската сеизмолошка агенција соопшти дека засега нема информации за материјална штета, но дека се можни последователни потреси поради плиткиот земјотрес.
