ПОЦ

Санкционирани 142 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар

30.12.2024 10:03

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23.12. до 29.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 142 непрописно паркирани возила...

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 23.12. до 29.12.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 142 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија од ПОЦ.

- ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците, стои во соопштението.