Нимиц на средби со државниот врв

29.07.2014 10:06

Нимиц денеска ќе оствари средба со шефот на државата Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски...

Медијаторот Метју Нимиц денеска ќе има средби со државниот врв. „Немам нов предлог, но имам идеи“, изјави посредникот во решавање на наметнатиот спор со името.  

Вчера се сретна со шефот на дипломатијата Никола Попоски, а ја имаше и првата средба со новиот претставник на Македонија во спорот за името и амбасадор во САД, Васко Наумовски.

Нимиц денеска ќе оствари средба со шефот на државата Ѓорге Иванов и премиерот Никола Груевски.

Посредникот на ОН во разговорите за спорот за името, минатата недела изјави дека овој пат очекува голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина.

Нимиц, тогаш истакна дека очекува и добра соработка  со новонаименованиот преговарач за името амбасадорот Наумовски како што имаше и со неговиот претходник Зоран Јолевски.

Според соопштението на ОН, Нимиц ќе има средби и со грчкиот државен врв во Атина на 30 и 31 јули.