ЈСП

ЈСП: Јавниот превоз на 1 јануари по неделен возен ред

30.12.2024 11:28

Од четврток јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст...

Во среда, 1 јануари, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, при што на 1 јануари, првите вклучувања на возилата на ЈСП Скопје и приватните превозници ќе бидат подоцна од вообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

Од четврток јавниот превоз ќе сообраќа по редуциран делничен зимен ред, кој ќе важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.

Во среда, 1 јануари, билетарниците и центрите за персонализација, нема да работат.

Жичницата на 31.12.2024 год ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а на 1 јануари од 11 до 17 часот.