Нова ескалација на состојбата во Газа
Израелската војска гранатираше зграда во која се сместени повеќе медиуми, меѓу кои и телевизијата на Хамас. Уништени се канцелари и домови на членови на Хамас...

Дваесет и втори ден од жестоките борби меѓи Израелската војска и екстремистите на Хамас. Апелите на ОН за итен прекин на огнот во појасот Газа не донесоа голем резултат, само неколку часа траеше примирјето меѓу завојуваните страни. Во текот на ноќта и изутрината повторно напади и меѓусебни обвинувања.
Израелската војска гранатираше зграда во која се сместени повеќе медиуми, меѓу кои и телевизијата на Хамас. Уништени се канцелари и домови на членови на Хамас.
Гранатиран е и бегалскиот камп Буреј кој се наоѓа надвор од Газа. При што загинаа шест Палестинци. Израелскиот премиер Нетенјаху порача дека неговата земја мора да се подготви за долготрајна борба.
„Хамас ги прекрши сите обиди за примирје. Соочени сме со бескурпулозрен непријател, кој ги користи своите граѓани за да ја постигне целта. Бројот на жртвите расте, но ние мора да бидеме подготвени на долготрајна борба. Ќе продолжиме да дејствуваме додека не ја постигнеме целта“, рече премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.
Во меѓувреме расте бројот на жртвите и повредените. Во текот на ноќта загинале седумнаесет луѓе, а вчера при воздушен напад беа убиени седум деца.
„Го најдов синот цел облеан во крв. И неговите другарчиња беа повредени или загинати“, рече еден родител.
Светските медиуми јавуваат за потресни слики во болниците во Газа кои веќе немаат слободни места за да ги прифатат повредените. Недостасуват и лекови.
„Повеќе од 15 деца се повредени. Некои имаат помали повреди но некои се во критична состојба“, изјави д-р Јаси Јакупи.
Во најкус можен рок Франција ќе и ја додели првата транша од финансиската помош во вредност од осум милиони евра на Палестина, соопшти францускиот претседател Франсоа Оланд во телефонски разговор со палестинскиот колега Махмуд Абас.
Од почетокот на борбите повеќе од 1.100 Палестинци го загубиле животот и 55 израелски војници.
Марија Петковска
