Македонија
Мицкоски: Кртовите кои даваат информации, ќе бидат пронајдени и ќе одговараат
30.12.2024 18:15
Кртови ќе се појавуваат уште некое време, сѐ додека имаме рецидиви од седумгодишното управување со Владата и институциите на претходната Влада и претходната коалиција- изјави премиерот...

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на последните акции на полицијата за сузбивање на криминалните групи, изјави дека „кртовите“ кои даваат информации наскоро ќе бидат пронајдени и ќе одговараат за стореното.
„Кртови ќе се појавуваат уште некое време, сѐ додека имаме рецидиви од седумгодишното управување со Владата и институциите на претходната Влада и претходната коалиција. Но, тие кртови, ќе бидат пронајдени и извадени од дупките во коишто се кријат и како глувци ќе одговараат“, нагласи прмиерот Мицкоски.
