гостивар
Општина Гостивар ќе доделува 6.000 денари за секое новородено дете
30.12.2024 18:40
Со 20 гласа „за“, денес Советот на Општина Гостивар го усвои Предлогот за доделување 6.000 денари за новороденчињата во Гостивар...

Со 20 гласа „за“, денес Советот на Општина Гостивар го усвои Предлогот за доделување 6.000 денари за новороденчињата во Гостивар.
Оваа одлука на Советот на Општина Гостивар е по предлог на градоначалникот Валбон Лимани, кој лично ја предложи на последната седница на Советот, а ја најави неколку дена порано.
Оваа финансиска поддршка за семејствата со новороденчиња може да ги олесни почетните трошоци и ја покажува посветеноста на општината кон социјалната политика и семејствата.
