Србија

Таткото и мајката на Коста Кецмановиќ вкупно осудени на 17,5 години затвор

30.12.2024 14:16

Родителите на Коста Кецмановиќ, кој лани изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, се прогласени за виновни и осудени на вкупно 17 и пол години затворска казна...

Родителите на Коста Кецмановиќ, кој лани изврши масовно убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, се прогласени за виновни и осудени на вкупно 17 и пол години затворска казна.

Таткото на момчето, Владимир доби единствена казна затвор од 14 години и шест месеци за сторено кривично дело-предизвикување општа опасност со тоа што несоодветно чувал легално оружје во својот стан до кое успеал дојде неговиот син и со него да усмрти 10 лица.

Неговата мајка Миљана пак, е осудена на три години затвор за недозволено поседување оружје и експлозивни направи бидејќи на една од чаурите при полициската истрага во училиштето и била пронајдена биолошка трага.