Скопје

Ѓорѓиевски и Ристовски на увид во базенот во Кисела Вода

30.12.2024 17:49

Базенот е од затворен тип со должина 25 метри и ширина 9 метри и длабочина 1.2 метри односно 0.8 метри - останатиот дел...

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и министерот Борко Ристовски заедно со економскиот оператор кој ги изведува градежните активности за продолжување на изградбата на базенот во ООУ „Невена Георгиева Дуња“ денес извршија увид на терен. Овој базен чија изградба беше во неколкугодишен застој, ќе биде завршен кон крајот на мај.

„На мое задоволство, со актуелниот министер Ристовски, низ низа проекти, а и со денешниот, покажавме дека со ефикасна соработка и јасна визија можеме да го забрзаме развојот на спортската инфраструктура во нашата општина. Овој базен, чија изградба ќе биде завршена кон крајот на мај, ќе биде модерен објект, изграден по сите стандарди и ќе им служи на пред сѐ, на учениците, спортистите, но и на сите граѓани“- изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

„Драго ми е и многу сум горд што конечно најдовме решение за нешто што беше запоставено четири години. Најдовме заеднички јазик со операторите и отпочнуваме со работа и порано од она што го планиравме. Сите пет базени кои беа отпочнати од претходната власт и оставени, ќе бидат завршени до крајот на летото“ – изјави министерот Борко Ристовски.

Базенот е од затворен тип со должина 25 метри и ширина 9 метри и длабочина 1.2 метри односно 0.8 метри - останатиот дел. Овој тип на базени се нарекува полуолимписки базен, наменет е и се користи за едукација, обука и пливање, истиот е со FINA стандарди.