Празници

Уништени околу 620 килограми небезбедна храна, инспекторите во вонредна контрола

30.12.2024 16:10

Околу 620 килограми небезбедна храна е уништена, пред новогодишните празници. Инспекциите во вонредна контрола на месарници и специјализирани продавници за храна од животинско потекло. Опомени и казни и за угостителските објекти…

Околу 620 килограми небезбедна храна од животинско потекло уништиле ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство. Спроведени вонредни инспекциски надзори во 191 месарница и други специјализирани продавници за храна од животинско потекло. Најголемиот дел- несоодветно декларирани и замрзнати подготовки од месо.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство уверуваат дека овој период се постојано на терен вршат контрола на сите угостителски и трговски објекти коишто се занимаваат со храна. Апелираат и до потрошувачите да бидат одговорни купувачи.

За утврдените неправилности ветеринарите издале 29 решенија за нивно отстранување. Биле изречени опомени на тројца оператори со храна, а 14 се парично казнети. 244 надзори изминативе денови во угостителски објекти и изречени 23 казни.

Потребно е и граѓаните да внимаваат како ја приготвуваат храната и каде ја чуваат, апелираат специјалистите за безбедност на храна.

Граѓаните велат дека внимаваат, годинава со поделени ставови, колку месото е достапно за да се најде на трпезата за Нова година.

Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, граѓаните може да ја пријават во Агенцијата за храна и ветеринарство. Оттаму велат, двојно е зголемен бројот на пријави за недекларирана храна, и со изминат рок.

Ана Јосифоска