Македонија-Бугарија

Владата на Бугарија го одобри нацрт-договорот со Македонија за железнички тунел „Деве Баир“

30.12.2024 17:08

Владата на Република Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“.

Владата на Република Бугарија го одобри нацрт-договорот со Северна Македонија за изградба и работа на прекуграничниот железнички тунел „Деве Баир“. Ќе се формира мешовит комитет кој ќе преговара со македонската страна за деталите околу текстот на договорот.

Изградбата на пругата кон Бугарија неодамна беше доведена во прашање откако вицепремиерот и министер за транспорт Николоски, се спротивстави на продолжувањето на третата делница (Крива Паланка – Деве Баир). Николоски ја обвини Бугарија дека нема подготвен проект за Коридорот 8, со што, според него, се успорува процесот на изградба.