Програмскиот совет на МРТ изразува длабока жалост за заминувањето на Јагнула Куновска
Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија изразува длабока жалост за заминувањето на драгата и ценета колешка Јагнула Куновска...

Програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија изразува длабоко жалење за заминувањето на драгата и ценета колешка, Јагнула Куновска. Јагнула Куновска беше маркантна жена со интелект, образование, енергија, човечност, комуникативност, но и со изгледот, смислата за хумор и единственоста да биде своја. Имаше богат и исполнет живот. Беше истакната правничка, адвокатка, судијка, сликарка, писателка, колумнистка и коментаторка на општествените случувања, извршуваше многу општествени и политички функции. Беше пратеничка во македонското Собрание, и беше голема Македонка.
Последната од нејзините општествени функции беше член на Програмскиот совет на Македонската Радио Телевизија. Активно учествуваше во дискусиите, беше иницијативна, конструктивна, омилена кај колегите и несомнено остави силен печат во работата на Програмскиот совет и на Македонската Радио Телевизија. Остави длабока трага во општеството и беше пример за помладите генерации, особено за жените. Ќе биде запишана и запаметена во историјата на Македонија. Имавме чест и гордост да соработуваме со неа и да учиме од неа. Изразуваме длабоко сочувство до семејството. Слава ѝ!
Програмски совет на Македонската Радио Телевизија.
