Уапсен 19-годишниот напаѓач во хрватското училиште, обвинет е за 45 кривични дела
Деветнаесетгодишникот кој е осомничен дека убил седумгодишно момче и тешко ранил уште три момчиња и наставничката во загрепското основно училиште „Пречко“, денеска е уапсен, соопшти загрепската полиција.

Во полициското соопштение се наведува дека младиот човек е приведен откако претходно го завршил лекувањето во болница поради самонанесени повреди и дека е осомничен за сторено тешко убиство и вкупно 45 кривични дела, пренесуваат локалните медиуми.
Претходно беше соопштено дека 19-годишникот и порано бил лекуван на Клиника за психијатрија, а за да се провери дали има недостатоци во лекувањето, хрватското Министерство за здравство испратило контрола во институцијата, а наодите се очекуваат оваа недела.
На 20-ти декември околу 9 часот и 50 минути тој убил дете, а повреди наставник и неколку ученици во загрепското основно училиште „Пречко“.