Временска прогноза
Ведро и студено со појава на утринска магла
31.12.2024 08:03
Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец...

Утрото ведро и студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се движи од -7 до 3, а максималната од 7 до 14 степени.
Во Скопје, утрото ведро и студено со појава на утринска магла, а во текот на денот сончево и тивко со мала облачност.
