Украина

Русија и Украина разменија заробеници

31.12.2024 08:30

На истекот од старата година Украина и Русија извршија нова размена на воени затвореници во посредство со Обединетите Арапски Емирати...

На истекот од старата година Украина и Русија извршија нова размена на воени затвореници во посредство со Обединетите Арапски Емирати. 150 руски наспроти 189 украински војници, меѓу кои и двајца цивили се обединија со своите најблиски. На фронтот продолжија со борби. Украина изврши нови напади во градот Лгов во Куркската област, додека руските трупи го стегаат обрачот во борбените операции кај Курахово. Новата американска помош од 2 и пол милијарди долари за Киев пристига во критичен момент-изјави Зеленски.

„Ова е нешто што ќе ја зајакне линијата на фронтот во блиска иднина, ќе ни помогне да ги одвратиме руските напади и да ја поддржиме Украина во спасувањето животи“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.