Блиски Исток
Израел повторно ја нападна опколената Џабалија
31.12.2024 08:32
Израелските сили повторно ја нападнаа опколената Џабалија во Северна Газа по еднодневните бомбашки напади во кои загинаа најмалку 27 луѓе низ Појасот.

Израелските сили повторно ја нападнаа опколената Џабалија во Северна Газа по еднодневните бомбашки напади во кои загинаа најмалку 27 луѓе низ Појасот.
Палестинските власти обвинуваат дека луѓето умираат од студ додека Израел сериозно го ограничува влезот на хуманитарна помош. Истовремено во Тел Авив огласени сирени по ракетен напад од Хутите во Јемен.
Властите ветија дека ќе го засилат притисокот врз бунтовничката група.
