Нова година
Почна прославата на Нова година
31.12.2024 08:36
На полноќ нема да има традиционален огномет, оти градот Скопје вели средствата ќе ги донирал во хуманитарни цели...

Весело последниот ден од 2024-та почна со новогодишни прослави во кафулиња и ресторани во Скопје.
Новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“ во центарот на главниот град почна уште на 25-ти декември и ќе трае до 7-ми јануари. Вечерва забавата ќе започне од 19.30 часот, со новогодишни хитови од женската група на Сара Мејс.
Ќе настапат Сара Мејс, Љубојна, Ареа и Нокаут. На полноќ нема да има традиционален огномет, оти градот Скопје вели средствата ќе ги донирал во хуманитарни цели.
Некои скопски општини како Кисела Вода организираат дочек на новата 2025-та со програма за најмладите уште од изутрина, а музичка програма вечер.
