Последниот ден од годината српските студенти го завршуваат со протест
„Нема нова година, старата ни ја должите“, гласи нивниот слоган во пресрет на новогодишната ноќ...

Последниот ден од годината српските студенти го завршуваат со протест и силна порака до властите барајќи одговорност за несреќата на железничката станица во Нови Сад.
„Нема нова година, старата ни ја должите“, гласи нивниот слоган во пресрет на новогодишната ноќ која ќе ја дочекаат на улиците во Белград, Нови Сад и Ниш оддавајќи им почит на жртвите.
„На студентите им е важно луѓето да сфатат дека ова не е работа што ќе застане само затоа што имаме некој голема прослава, нас ни е поважно во каков свет ние ќе живееме, а не да одиме да прославиме нешто. Така што, ова е порака дека нашите животи се многу поважни отколку некоја прослава“, вели студентка на Архитектонски факултет.
