Македонија

Мицкоски: 2025-та ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа

31.12.2024 10:02

Мицкоски: 2025-та ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски со видеообраќање објавено на неговиот Фејсбук профил им ја честита Новата 2025 година на граѓаните на Македонија.

Во обраќањето Мицкоски вели дека изминатата 2024-та била година на предизвици, но и на нови почетоци, а дека претстојната 2025-та „ќе биде година на раст, ред и интеграција“, вложување во економијата, инфраструктурата и образованието „со фокус на подобар живот за сите“.

Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас. 2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци. Народот ја одбра иднината и ни даде мандат за промени. Наследивме држава во тешка состојба, но со труд и јасен план постигнавме раст од 3 проценти, зголемување на пензии и плати, нови инвестиции и проекти за подобрување на животот. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и ја поставивме основата за стабилен развој, вели меѓу другото Мицкоски.

Премиерот истакнува дека во 2025-та Владата ќе работи посветено и одгвоорно за поквалитетен живот на сите граѓани.

2025-тата ќе биде година на надеж, оптимизам, успеси и многу работа. Ќе работиме напорно и посветено во 2025 година, за да успееме да ја изградиме Македонија каква што сите вие, граѓаните, ја посакувате и каква што сите ние заедно ја залужуваме. Македонија која ќе биде повторно ваша. Среќна и успешна Нова година, исполнета со здравје, среќа и многу љубов. Бог да ја благослови Македонија и нејзините граѓани, истакнува Мицкоски во новогодишното обраќање објавено на Фејсбук.