Македонија

МВР со апел да не се употребуваат пиротехнички средства

31.12.2024 14:26

Петардите се строго забранети, а нивното користење е казниво, опасни се и штетни. Децата да ги избегнуваат- посочија од МВР.

Во пресрет на новогодишните празници, Министерството за внатрешни работи со апел да не се употребуваат пиротехнички средства.

Петардите се строго забранети, а нивното користење е казниво, опасни се и штетни. Децата да ги избегнуваат- посочија од МВР.

Порака и до возачите - да не седнуваат зад воланот во алкохолизирана состојба.

Нарушувањата на јавниот ред и мир граѓаните да ги пријават во полициска станица или на 192 и 112.