Охрид подготвен за дочекот на новата година
Охрид преполн со туристи, се е подготвено за дочекот на Новата 2025 година...

Во Охрид весела празнична атмосфера. Прекрасното сончево време ги раздвижи бројните туристи. Присутни се гостите од соседните земји Бугарија, Црна Гора, Албанија, но најбројни се Србите.
Дел од нив Новата година ќе ја слават на градскиот плоштад дел во охридските хотели, а младите во ноќните клубови и дискотеки. Некои доаѓаат за прв пат а некои и по повеќе пати но заедничко е дека на сите им се допаѓа Охрид.
„Прв пат сме овде одлично е баш сме задоволни“, изјави турист.
„Доаѓаме од Александровац. Убаво е многу баш фино. Прв пат сме овде ќе дојдеме повторно“, изјави друг.
„Од Црна Гора доаѓаме, ова е веќе шести пат како доаѓаме Охрид многу ни се допаѓа Охрид, весел народ“, рече турист.
„Не сме прв пат многу го сакаме Охрид и доаѓаме и во лето и за Нова година понекогаш.“, изјави друг турист.
„Ние сме од Будва. Преубаво е сега стигнавме Јас сум прв пат овде“, рече друг
„Јас сум од Врање комшија. Сакам да ги поздравам сите пријатели во Охрид вие сте еден пријатен народ“, изјави друг.
И туристичките водичи се задоволни, на групите им ги презентираат културно историските споменици во градот.
Оваа година изненаден сум дојдоа многу повеќе гости од Србија, интересно е што се намалени гостите од Бугарија но пак двојно е поголем бројот на Србите и Црногорците има и Бугари секако добредојдени се сите Охрид е туристичко место и можам да речам дека е рај за сите туристи кои доаѓаат, вели Ристе Голабоски туристички водич.
Илјадници гости заедно со охриѓани вечерва Новата 2025 ќе ја дочекаат на охридскиот плоштад.
Соња Рилковска
