Македонија

Завршува важноста на возачките дозволи со старото уставно име

31.12.2024 15:22

31-ви декември е крајниот рок на важност на возачките дозволи со старото уставно име. Во новата година овие возачки дозволи нема да важат, иако не поминал нивниот рок. Граѓаните се запознати со ова и веќе аплицирале за нови возачки дозволи...

31-ви декември е крајниот рок на важност на возачките дозволи со старото уставно име. Во новата година овие возачки дозволи нема да важат, иако не поминал нивниот рок. Граѓаните се запознати со ова и веќе аплицирале за нови возачки дозволи.

Пусто беше на пунктот во полициската станица „Пролет“ во Скопје каде што се фотографираат граѓаните за возачки дозволи.

На последниот ден од годината нема закажани термини за издавање на возачки дозволи.

Повеќето македонски возачи веќе ги замениле своите возачки дозволи. Според податоците на МВР, остануваат уште околу 150 илјади возачки дозволи што треба да се заменат со нови.

Рокот за смена на возачките дозволи со новото уставно име согласно договорот со Грција веќе еднаш беше продолжен од февруари до крајот на декември.

 

Ирина Гелевска