Македонија

Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата

31.12.2024 17:03

Премиерот апелираше до раководствата на ЈСП и на Град Скопје да ги надминат, како што кажа, меѓусебните насогласувања за да можат скопјани да го користат јавниот превоз.

Повторното повлекување на автобусите на ЈСП Скопје во гаражите, според премиерот Христијан Мицкоски, не е поврзано со немање нафта туку проблемот е административен. Апелираше до раководствата на ЈСП и на Град Скопје да ги надминат, како што кажа, меѓусебните насогласувања за да можат скопјани да го користат јавниот превоз.

Јас тоа го дознав пред неколку минути би рекол дека се случува. Такво барање од Градот Скопје нема. Од тоа кое што можам да го добијам како информација е дека раководството на Јавното сообраќајно претпријатие не доаѓа на работа. Административен е проблемот, не е проблемот дека нема количини на нафта туку дека е административен проблемот. И апелирам и до раководството на ЈСП и до раководството на Градот Скопје да ги надминат меѓусебните несогласувања за да можат скопјани да го користат јавниот превоз, бидејќи овде не станува збор за, колку што јас сум инфомиран, за недостаток на количини на нафта туку едноставно нешто друго е проблемот. Дали не е потпишан договор, дали нешто друго…нека се именува ново лице, или пак нека направат нешто затоа што ова веќе ги поминува сите граници на едно однесување кое не треба вака да се слулува – изјави премиерот Мицкоски.

Премиерот, кој денеска објави дека до крајот на неделава ќе му се префрлат 120 милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите, потенцираше дека сега проблемот не е поврзан со нафтата.