Политика

Уставните измени ќе бидат тогаш кога ќе се гледа крајот на процесот, вели Мицкоски

31.12.2024 17:12

Да седнеме и да разговараме за сценариото кое ќе нè донесе до крајот, а не за една или две пречки-директен е премиерот Христијан Мицкоски за евроинтеграциите.

Очекувам во новата година македонското досие во Брисел да ја види светлината. Да седнеме и да разговараме за сценариото кое ќе нè донесе до крајот, а не за една или две пречки-директен е премиерот Христијан Мицкоски за евроинтеграциите.

Посочува дека поради билатерални прашања не сме се поместиле ниту милиметар. Не секогаш станува збор за поглавја и кластери, вели Мицкоски, самокритичен дека не сме брилијантни, но дека ни земји-членки на ЕУ не биле. Уставните измени ќе бидат тогаш кога ќе се гледа крајот на процесот.

Подготвени сме да одиме по нашата лента во двонасочната улица, но дали и Брисел вистински е подготвен, не декларативно и со тапкање по рамо, вели шефот на македонската Влада, кој посочува дека Брисел не може да гарантира времески период, но може да гарантира дека ќе немаме билатерални проблеми.

Миле Ристески