Македонија

Првото бебе во 2025 е машко

01.01.2025 08:04

Во 00:01 часот, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, се роди првото бебе во Македонија за 2025 година...

Првото бебе во 2025 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Станува збор за новороденче од машки пол тешко 3.190 грама, долго 50 сантиметар и е  прво на мама и тато.

Мајката и бебето се во одлична состојба, информираат од Клиниката.