Нова година

Дочек на Новата година во Скопје

01.01.2025 10:34

Весела атмосфера, забава, желби, огномет, Новата 2025-та година беше пречекана и во македонската метропола. Без оглед на возраста, желбите се исти...

Весели, разиграни, како и милиони луѓе низ светот, дел од нашите сограѓани, Новата година ја дочекаа на градскиот плоштад во Скопје. Без оглед на возраста, желбите се исти.

За новогодишната забава беа задолжени Сара Мејс, Љубојна, Ареа и Нокаут.

И додека едни се забавуваа други беа на своите работни места. Сара Кочева, беше една од нив. Тоа не и пречи, вели друштвото ќе дојде тука, па ќе биде и работно и весело. Ја радува што граѓаните и во моменти на славење водат сметка за здравјето.

Еуфоријата, магијата, надежта дека ќе ни се остварат желбите влијае позитивно на здравјето, вели Верче Јовчевска – Анчевска, но никако не смееме да седиме со скрстени раце.

Според Зорка Стојкова, и покрај сите обврски мора да најдеме време за семејството, а среќата треба да се бара, не да се чека и таа не е во политиката.

Новата година носи нова, свежа надеж дека работите ќе се движат во посакуваниот правец, кон реализација на онаа што го посакуваме.

 

Наташа Јанчиќ Менковски