Дочек на Новата година во светот
Многу светски метрополи во Новата година блеснаа во сјај, огномети, музика и забави...

Со традиционалното „паѓање на топката“ на Тајмс Сквер и дожд конфети врз стотиците илјади луѓе одбележан почетокот на Новата 2025-та година во Њујорк.
Во новата година заѕвони и Лондон. Спектакуларен огномет на бреговите на Темза. Лондонското око во светлечко шоу.
Триумфалната капија на Шанзелизе блесна во сиот сјај. Градот на светлината го оправда своето име. Небото над Париз исполнето во милион бои.
„Да бидеме среќни и да станеме секој ден, да уживаме во животот затоа што е краток“.
Претседателот Макрон првпат му призна на својот народ дека одлуката за распуштање на парламентот создала повеќе поделба отколку решенија за французите, повикувајќи ги на европско будење.
„Луцидноста и понизноста го признаваат тоа дека, оваа одлука произведе повеќе нестабилност отколку спокојство и јас го земам мојот целосен удел за тоа. Надежта, просперитетот и мирот ќе зависат од нашите избори. Затоа, во 2025 година, ќе продолжиме да одлучуваме“, изјави Емануел Макрон претседател на Франција.
Канцеларот Шолц пак, ги повика Германците да се држат заедно и покрај лошата економија, додека на култната берлинска Брандербуршка порта блескав огномет и ласерски светла го пробиваа ноќното небо. Илјадници Грузијци новогодишната ноќ ја дочекаа демонстрирајќи го проевропското единството пред парламентот во Тбилиси.
„Ова е навистина несекојдневна волшебна Нова година. Се надевам дека ќе биде прослава на победата“, изјави Ото Гулбани, Грузиец.
Со полноќен молк и оддавање почит на жртвите во несреќата во Нови Сад, десетици илјади демонстранти предводени од студентите го одбележаа почетокот на Новата година во Србија.
„Драго ми е што се собираме овде заедно да го одбележиме празникот со сеќавање на луѓето кои повеќе не се меѓу нас“, изјави студентка од Србија.
Конфликтите на Блискиот Исток и во Украина сепак, ги намалија признанијата за почетокот на 2025-тата. Оружјето не мирува ниту на првиот ден од годината.
Бојана Крстевски
