мвр
Од денеска не важат возачките со старото име на државата
01.01.2025 11:51
Граѓаните кои ќе бидат затекнати со старата возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра, предупредија од МВР...

Возачките дозволи со старото име на државата од денеска престануваат да важат. Граѓаните кои ќе бидат затекнати со старата возачка ќе бидат санкционирани со парична казна од 100 евра, предупредија од МВР. Досега се издадени повеќе од 800 илјади возачки со новото уставно име на државата.
Според податоците на МВР, остануваат уште околу 150 илјади возачки дозволи кои треба да се заменат.
