хуманост

Празничен дом за своите и за згрижените деца

05.01.2025 17:43

За Нова година или за божикните празници, во Прилеп има еден топол дом за своите и за згрижените деца …

Слави Нова година, два Божика, католички и православен и бескрајни радосни моменти. Со своите четири деца, уште четири внуци и со двете згрижени на кои им ги надоместува родителството и топлиот дом. Прилепчанката Соња Јаќелиќ 20 години е згрижувач, одгледала 10-тина згрижени деца, а цел живот негува бескрајна топлина, нежност и радост за своето и посвоено семејство.

Половината деца и внуци се православни, другите католици, а сите заедно, со згрижените деца, се со полни срца љубов и радост. Нема разлика во славењата и трпезите, туку само заедништво во пораките.

Домот е скромен, ама заедништвото е непроценливо богатство. Прилепчанката Соња Јакелиќ го живее животот исполнето и спокојно.

 

Елизабета Митреска