Европа

Софија и Букурешт влегоа во ексклузивната Шенген зона

01.01.2025 13:45

Се крена рампата на романско-бугарскиот премин Ѓоргиу-Русе, во близина на делтата на Дунав во Црно Море. Софија и Букурешт влегоа во ексклузивната шенген-зона. Министрите за внатрешни Илков и Предоју го поздравија вклучувањето во областа Европа без граници со одата на радоста, химната на унијата. Успешен историски момент, особено за граѓаните и за компаниите, коментар на министрите, по бришењето на копнените граници...

Шенген зоната на Унијата преку Романија сега ќе има 13 контролни точки со границите на Украина и на Молдавија. Романските северни и источни граници стануваат надворешни во областа на слободното економско движење, и затоа контролата на овие гранични места ќе биде построга. На преминот „Надлаш“ меѓу Романија и Унгарија се отвораше шампањското.

„Многу сум среќен, ја напуштивме новогодишната забава за да дојдеме овде на големиот настан. Досега чекавме на границата по 50 минути и не бевме често тука во годината“, изјави Романец.

Романија затвора 39 гранични премини, остануваат границите кон Србија. Но и на укинатите премини ќе има проверки по случаен избор.

„Ова е историски момент, искрено и претходно се чувствував како да сум во шенген“, додаде друг Романец.

„Никој не ме запре за проверка. Затоа сум и овде. Јас сум од Благоевград и дојдов намерно поради историскиот момент за Бугарија. За да бидам на телевизија додека се отвораат шенген и слободното движење“, вели Момчил Ангелов, бугарски возач.

Илков и Предоју, министрите за внатрешни на Бугарија и на Романија, не го криеја задоволството од успехот. Со оглед на политичките превирања во двете земји, шенген е адут повеќе за стабилноста на државите.

„Отсега натаму, ќе ги уживаме придобивките на слободното движење, укинати се проверките на копнените премини на оваа граница“, изјави Атанас Илков, министер за внатрешни работи на Бугарија.

„Навистина моментов е политички, но со практично значење за Романците, за бугарските и романските компании, но и за Европа, исто така. Проверки сепак ќе има според случаен избор, ќе ги спроведува полицијата“, изјави Каталин Предоју, министер за внатрешни работи на Романија.

Брисел ја крена рампата на воздушните и на морските премини за Романија и за Бугарија во март годинава, и од денеска и на копнените по укинувањето на ветото наметнато од Австрија и од Холандија.

 

Зоран Богатинов