традиција

Првојануарски собир на дебармаалци

01.01.2025 16:11

Традиционално дебармаалци се собраа на 1-ви јануари во култната Идадија во скопско Дебар Маало. Си посакаа здравје и бериќет. Ја искршија и ја поделија погачата, и го завртеа традиционалното оро. Пријателите се видоа после цела година, ги кренаа чашите и наздравија...

Горди на својата 97-годишна традиција. Дебармаалци повторно на први јануари во Идадија. Во Дебар Маало. Ја поделија погачата ги кренаа чашите си посакаа здравје и бериќет. Го раширија орото онака како што го прават безмалку цел век.

Другарите по цела година се видоа. Песната ечеше во Дебар Маало.

Во меѓувреме многу природни смени на генерации, кога младите учат од постарите и кога дружењето и аманетот се пренесува од колено на колено.

 

Миле А. Ристески