Повредените во вчерашната сообраќајна несреќа сеуште во критична состојба

29.07.2014 10:35

Едно од двете возила со српски регистарски таблички претекнувало на место каде што било забрането. Сите патници во возилата се тешко повредени и хоспитализирани на скопските клиники...

Се уште е во животна опасност мајката на загинатото осуммесечно бебе во вчерашната сообраќајна несреќа на патотот Демир Капија- Удово.

Едно од двете возила со српски регистарски таблички претекнувало на место каде што било забрането. Сите патници во возилата се тешко повредени и хоспитализирани на скопските клиники.

И српските медиуми пренесуваат детали по вчерашната страшна сообраќајка во која загина 8 месечното бебе, а уште 4 лица се тешко повредени од кои двајца се во критична состојба. Меѓу нив има уште едно дете.

Лекарите во Велес не можеле да ги скријат солзите кога констатирале дека за 8 месечниот Андрија нема спас.

Марија и Драган, заедно со своето бебе Андрија живееле во Швајцарија. Тие ова лето дошле во родната Чуприја и заедно со братот на Драган, Никола, тргнале на одмор во Паралија, Грција.

Несреќата ги запре во Македонија.