Штип

Претседателката Сиљановска Давкова во посета на Вториот пешадиски баталјон

01.01.2025 16:33

Претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска Давкова со началникот на Генералштабот на Армијата, Генерал-мајор Сашко Лафчиски беше во посета на Вториот пешадиски баталјон во касарната „Јане Сандански“ во Штип. Се запозна со воено техничката подготвеност на баталјонот кој беше високо оценет при евалуацијата од страна на НАТО…

„Нашата Армија држи чекор со најсовремените трендови, но посакувам ова оружје да не се користи. Посакувам оваа година мирот да биде главна опција“, изјави македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова.

Одговарајќи на новинарско прашање, претседателката Сиљановска Давкова изјави дека потребен е нов Закон за помилувања согласно европските критериуми

Пред новогодишните празници, претседателката донесе одлука за помилување на седум осудени лица, од кои едно потполно, а шест лица делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор.

Досега во Македонија нема случај на помилување на доживотно осудени затвореници.

Славица Величковска