Масакр во Цетиње, најмалку 10 мртви
Радио-телевија Црна Гора објави дека осомничен за убиствата е Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње.

Десет лица, меѓу кои и деца се убиени, а неколку се ранети денеска во Цетиње, кога вооружен маж пукал врз нив, по што избегал и засега е недостапен за полицијата.
Радио-телевија Црна Гора објави дека осомничен за убиствата е Ацо Мартиновиќ (45) од Цетиње. Според полицијата, по расправија во кафуле во цетињската населба Бајица, тој пукал и убил неколку лица, меѓу кои и членови на неговото семејство. По пукањето во кафулето, осомничениот убил уште неколку лица, меѓу кои и деца.
Мартиновиќ е вооружен и е во бегство, а полицијата трага по него и ја објави неговата фотографија.
Цетиње е под полициска опсада и специјални полициски сили се испратени во градот.
Фото: РТЦГ
