МВР
Пронајдени над 13.000 пиротехнички средства во Синѓелиќ, лишени од слобода две лица
01.01.2025 21:32
Кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8.598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4.641 пиротехнички средства.

На 31.12.2024 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во с.Синѓелиќ ги лишија од слобода Џ.А.(29) од с. Синѓелиќ и Л.А. (33) од Скопје.
Кај Џ.А., на импровизирана тезга, пронајдени се 8.598 пиротехнички средства, а кај Л.А. 4.641 пиротехнички средства.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.
