Временска прогноза
Наутро студено и магловито, преку денот сончево
02.01.2025 08:12
Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец...

Наутро студено со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -3, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, утрото студено со појава на магла, а во текот на денот сончево и претежно тивко со мала облачност.
