Мртов масовниот убиец од Цетиње
Осомничениот маж кој изврши масакр во Цетиње е мртов- соопштија црногорските власти...

Осомничениот маж кој изврши масакр во Цетиње е мртов- соопштија црногорските власти. Се обидел да се самоубие откако бил опколен од полицијата, починал на пат кон болница. 45- годишниот напаѓач идентификуван како Ацо Мартиновиќ усмрти најмалку 10 лица, вклучително и две деца, и рани уште четворица други. На убиствата им претходела расправија в кафеана по што Мартиновиќ заминал и се вратил со оружје усмртувајќи го сопственикот на локалот и неговите деца, како и членови на сопственото семејство. Во земјата е прогласена тридневна жалост.
„Кога сфатил дека нема излез се обидел да се самоубие. Тој не почина на лице место, туку во текот на транспортот до болница. Дозволете ми сега да ја пренесам пораката за мир што е најважно за жителите на Цетиње за да можат да се вратат на својот нормален живот“, изјави Данило Сарановиќ, министер за внатрешни работи на Црна Гора.
