САД

Расте бројот на жртви по терористичкиот напад во Њу Орлеанс

02.01.2025 08:35

Расте бројот на жртви по терористичкиот напад на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс.

Расте бројот на жртви по терористичкиот напад на новогодишната ноќ во Њу Орлеанс. Властите го идентификуваа напаѓачот. 42-годишниот Шамсуд Дин Џабер кој беше убиен од полицијата, е американски државјанин од Тексас и воен ветеран кој најверојатно е поврзан со ИСИС. ФБИ верува дека тој не дејствувал сам.

„Работиме да потврдиме како субјектот го поседувал знамето на ИСИС лоцирано во возилото и на утврдување на потенцијалните здруженија и припадности на субјектот кон терористичките организации. Не веруваме дека Џабар е единствениот одговорен“, изјави Алетеа Данкан, помошник специјален агент на ФБИ.

„Знаеме дека постои врска меѓу една куќа што се наоѓала на улицата Мандевил во Њу Орлеанс каде што избувна пожар, најверојатно за да се ослободат од доказите, што значи дека се вклучени повеќе луѓе“, изјави Лиз Мурил, јавен обвинител во Луизијана.

Џабер со „пикап“ влета во толпа луѓе усмртувајќи над 10 лица и оставајќи десетици повредени.