САД

Возило на Тесла експлодираше пред хотел на Трамп

02.01.2025 08:35

Едно лице загина, седумина се повредени по пожар и екплозија на возило на Тесла Сајбертрак...

Едно лице загина, седумина се повредени по пожар и екплозија на возило на Тесла Сајбертрак пред хотелот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Лас Вегас.

Според властите возилото било изнајмено преку онлајн апликација и натоварено со канситри гориво и пиротехнички материјали. Причините за несреќата се уште се утврдуваат.