Израел

Израел се закани Хамас да ги ослободи заложниците

02.01.2025 08:35

Израелските сили ја бомбардираа т.н безбедна зона Ал-Маваси во јужниот дел на Газа...

Израелските сили ја бомбардираа т.н безбедна зона Ал-Маваси во јужниот дел на Газа. Има жртви и повредени. Тел Авив се закани дека Хамас ќе добива удари со невиден интензитет во Газа уште долго време доколку не ги ослободи заложниците. Тврдат дека целат само на милитантите и го обвинуваат Хамас за смртни случаи на цивили, бидејќи неговите борци дејствуваат во густи населени области.

„Доколку Хамас наскоро не дозволи ослободување на израелските заложници од Газа, и покрај подготвеноста на Израел да направи далекусежни компромиси во согласност со принципите наведени од САД, ќе ги интензивираме своите активности против гнездата на тероризмот се додека не ги ослободат заложниците и не го елиминираме Хамас“, изјави Израел Кац, израелски министер за одбрана.

Израелските сили извршија воздушни целни напади во Либан и запалија неколку куќи. Продолжија и со рациите на окупираниот Западен Брег, при што се пријавени судири во градот Тулкарем.