Клинсман ќе продолжи со Јенките
13.12.2013 15:42
Јурген Клинсман ќе остане на чело на американската фудбалска репрезентација и по завршувањето на Мундијалот во Бразил. Американците му ја дадоа довербата на германскиот стратег и во наредните 4 години, со оглед на тоа дека ги исполни ветувањата, пред се пласман на наредното СП.

Освен што го освои првото место во КОНКАКАФ квалификациската група за 20-тиот светски фудбалски собир, Клинскам стигна и до 5-тиот трофеј на Голд Купот. Од деталите на новиот договор, познато е дека освен тоа што ќе биде селектор, Клинсман во истиот тој период ќе биде и технички директор на американската фудбалска федерација.
Бранко Чупески