Јужна Кореја

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол соочен со апсење, вети дека ќе се бори до крај

02.01.2025 11:16

Толпа поддржувачи се собра пред резиденцијата на отповиканиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол кој се соочува со налог за апсење поради воведување краткотрајна воена состојба во земјата...

Толпа поддржувачи се собра пред резиденцијата на отповиканиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јеол кој се соочува со налог за апсење поради воведување краткотрајна воена состојба во земјата, откако тој преку писмо им се обрати ветувајќи им дека ќе се бори до крај против антидржавните сили.

Полицијата се пресемта со демонстрантие кои не сакаа да заминат. Опозицијата писмото го оцени како доказ за бунт.

Се уште останува нејасно кога и како властите ќе го извршат неговото апсењето и дали претседателската служба за безбедност, која го блокираше пристапот на истражителите со налог за претрес до канцеларијата и официјалната резиденција на Јун, ќе се обиде да ги спречи.