Украина
Продолжува војната со дронови меѓу Москва и Киев
02.01.2025 11:21
Руската противвозудшна одбрана тврди дека соборила украински авион СУ-27, додека Украина се пофали дека срушиле руски хеликоптер МИ-8 со проектил истрелан од модифициран поморски дрон над Црното Море.

Продолжува војната со дронови меѓу Москва и Киев. Десетици беспилотни летала разменети на двете страни.
Руската противвозудшна одбрана тврди дека соборила украински авион СУ-27, додека Украина се пофали дека срушиле руски хеликоптер МИ-8 со проектил истрелан од модифициран поморски дрон над Црното Море.
Силите на Москва во обид да го опколат Покровск во Доњецката област, додека Украина жестоко напаѓа во Херсон. Интензивни борби се водат и во Курск.
